Македонија

Тажна вест: По долго боледување почина Валентина Марјановиќ

Тажна вест: По долго боледување почина Валентина Марјановиќ

За жал, ја изгубивме Валентина Марјановиќ, нашата драга колешка, истакната новинарка и врвен професионалец, чија посветеност и труд оставија неизбришлив траг во весникот ВЕЧЕР, каде што го помина целиот работен век. Се бореше храбро до последниот здив, бидувајќи пример за јака волја, силна верба и позитивен дух, и за непрекината одлучност да се бори за живот и победа над подмолната болест. За жал, последната битка не успеа да ја извојува.

По долго боледување, почина денеска на 22 ноември, во Скопје.

Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас.

Таа беше дел од весникот ВЕЧЕР од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа.

Вале, секогаш ќе останеш во нашите срца.

Колегите од редакцијата ВЕЧЕР

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни