Свет

Златник од 10 килограми продаден на аукција за рекордни 1,5 милиони долари

Златник од 10 килограми продаден на аукција за рекордни 1,5 милиони долари

Уникатниот златник изработен од Кралската канадска ковница е продаден на аукција за рекордна сума од повеќе од 1,5 милиони долари, објавија денеска канадските медиуми.

Златната монета тежи дури 10 килограми, а направена е според дизајнот на уметникот Џејмс Харт, припадник на домородниот народ Хаида кој ги населува островите западно од брегот на Канада, јавува канадскиот јавен сервис ЦТВ Њус.

Продадена е на анонимен купувач за сума од 1.561.250 долари на онлајн аукцијата на куќата „Hefel fine art“.

Златната монета прикажува фигури и мотиви на традиционалната уметност Хаида, вклучувајќи шаман, орел, дабар, гавран, кит орка и мечка, како и штит што го носат припадниците на оваа нација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни