Американскиот ланец на кафетерии Старбакс разгледува различни опции за подобрување на својот бизнис во Кина, меѓу кои е и продажбата на удел во работењето во таа земја, пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Компанијата моментално го проценува интересот на локалните кинески партнери за купување удел во бизнисот, додаваат изворите.
Американската компанија за управување со инвестиции Eliot Investment Management врши притисок врз Старбакс да ги ревидира своите операции во Кина и со тоа да го зголеми профитот.
Во претходните години, McDonald’s и Jam Brands, сопственик на рестораните за брза храна KFC и Pizza Hut, ги одвоија своите кинески операции и ги продадоа своите акции во бизнисот со цел да постигнат поголем раст во Кина и подобро да ги задоволат локалните вкусови.
Во Кина, на својот втор најголем пазар, Старбакс оствари околу три милијарди долари нето приход во претходната фискална година и го зголеми бројот на продавници за 12 отсто, но неговата позиција е се повеќе загрозена од локалните кафетерии како што е Лакин Кофи, додава Њујоршката агенција.