Македонија

Ранѓеловиќ: Интересно е што не добивме официјална потврда за потегот на Бајден, но политички е коректно да не го правите тоа на крајот на мандатот

Ранѓеловиќ: Интересно е што не добивме официјална потврда за потегот на Бајден, но политички е коректно да не го правите тоа на крајот на мандатот

Во денешната емисија на „Дејли Клик“ на ТВ21, Иво Ранѓеловиќ, политиколог зборуваше за потегот на Џо Бајден да и дозволи на Украина употреба на американски ракети со голем досег на руска територија.

Тој рече дека Бајден се однесувал политички некоректно, и дека го става под знак прашалник мирот во светот.

„Интересно е што не добивме официјална потврда за потегот на Бајден, но политички е коректно да не го правите тоа на крајот на мандатот. Што го спречуваше Бајден порано да ја доносеше оваа одлука, па да го седне на маса Путин порано? Сето ова ми звучи многу балкански, а втората работа ако повлекувате таков потег, тогаш влогот го кревате не само кон Украина, туку кон цела Европа, и треба да имате „бекап“ план. Според мене тоа е избрзан потег, и малку одмазднички за сето она што му се случи, но влоговите се големи, и како што самите гледаме на коцка е светскиот мир, си играте со сила која е посилна во тој конфликт со Украина“, рече Ранѓеловиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни