Македонија

Министерството за финансии ги одби амандманите на СДСМ и Левица за буџетот 2025

Министерството за финансии ги одби амандманите на СДСМ и Левица за буџетот 2025

Во текот на претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, Министерството за финансии ги одби 10-те амандмани предложени од пратениците на СДСМ и Левица. Од нив, шест беа од СДСМ, а четири од Левица.

Со амандманите на СДСМ се бараше да се одвојат средства за субвенционирање на фотоволтаични системи за покриви на домаќинствата, за субвенции за транспортни компании кои возилата ќе ги заменат со електрични возила, за изградба на ХЕЦ Градец и за изградба на гасоводна мрежа во Кавадарци.

Пратениците од Левица со поднесените амандмани бараа да се пренаменат средства од Министерството за одбрана наменети за НАТО и од Министерството за транспорт наменети за проектот „Бехтел и Енка“ да се наменат за изградба на Чебрен и Галиште, како и да одвојат средства за реконструкција и доградба на колекторскиот систем на Охридското Езеро и за мониторинг и контрола на Дојранското Езеро.

По барање на пратеникот Ријад Шаќири дадена е 30-минутна пауза, по што во собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да продолжи амандманската расправа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни