Движењето „ЗНАМ за Наша Македонија“ упати остра критика за резултатите од 30-тиот Конгрес на СДСМ, оценувајќи го како чекор кој го загрозува идентитетот и иднината на партијата. Во соопштението, Движењето истакнува дека составот на новиот Централен одбор на СДСМ нема ниту интелектуален капацитет, ниту личности кои имаат значаен општествен и јавен придонес во Македонија.
„Директорот на фондацијата Заев и вршител на должноста претседател на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конгресот избра нов акционер од друштвото на Сорос,“ се наведува во соопштението, со дополнување дека ова претставува доминација на „кланот од Струмица“.
Од Движењето го изразуваат своето разочарување што СДСМ, некогашна државотворна партија која беше дом на интелектуалниот крем на Македонија, сега се сведува на раководство со „сомнително минато и без значајни биографии“.
Особено се нагласува дека изборот на секретарите на партијата ќе биде „шлаг на тортата“, со кој ќе се потврди целосната контрола на семејството Заеви врз партијата.
„Како партија која се претставува како носител на нова енергија, СДСМ треба сериозно да биде загрижена за својата иднина,“ се заклучува во соопштението на Движењето „ЗНАМ за Наша Македонија“.