Министерот за здравство, Арбен Таравари, тврди дека функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Иако не откри конкретни имиња, тој најави дека одредени поранешни функционери ќе понесат одговорност за своето работење додека биле на власт, и покрај обидите на ДУИ да ги заштитат нив и нивниот имот.
ДУИ веднаш реагираше на изјавата, нарекувајќи ја скандалозна.
Од партијата повторно повикаа на меѓународно следена проверка на сите поранешни и актуелни носители на политички функции.