Американската амбасада ќе биде осветлена во портокалова боја како дел од кампањата за подигнување на свеста и акција против насилството врз жените и девојчињата.
Оваа иницијатива ќе трае 16 дена, со цел да се испрати порака на надеж и посветеност за создавање свет без насилство, каде сите ќе уживаат во безбедност, достоинство и еднаквост.
„Придружете се на движењето, зборувајте гласно и преземете акција“, повикуваат од амбасадата.