Со пристигнувањето на студеното време, во Македонија се зголемува и загадувањето на воздухот, особено во главниот град. Скопје е во постојано претекнување на границите на загаденост, а периодов често се наоѓа на врвот на глобалната листа на најзагадени градови.
Денес, Скопје се наоѓа на седмото место на најзагадени градови, а пред него е и Сараево, кој денес е трет на светската листа.
Според последните податоци, воздухот во Скопје е оценет како „многу нездрав“, а концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 167, што е дури 15,7 пати повисоко од препорачаните вредности на Светската здравствена организација.
Совети за заштита од загадениот воздух:
Избегнувајте физичка активност на отворено.
Затворете ги прозорците за да спречите влез на загаден воздух.
Носете заштитни маски на отворено.
Користете прочистувач на воздух во вашите домови.