Македонија

Уапсен 20-годишен скопјанец – се возел со пушка на која имало монтиран оптички нишан

Уапсен 20-годишен скопјанец – се возел со пушка на која имало монтиран оптички нишан

На 25.11.2024 во 15.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Д.А.(20) од Скопје затоа што при преглед на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена една пневматска пушка „гано-г-магнум“ T250 со калибар 4.5 мм, на која бил монтиран оптички нишан и за која немал потврда од надлежен орган.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни