Свет

Германија сака да депортира 16.000 мигранти во Хрватска

Германија сака да депортира 16.000 мигранти во Хрватска

Германските власти сакаат да го зголемат бројот на депортации во други земји од ЕУ. Повеќето мигранти треба да бидат вратени во Хрватска. Ваквите депортации во рамките на ЕУ се предвидени со Регулативата Даблин III.

На 13 ноември 2024 година, чартер авион полета од аеродромот „Франц Јозеф Штраус“ во Минхен во југоисточен правец. Дестинацијата беше Загреб. На списокот на патници имало 15 имиња. Тие биле државјани на Сирија, Авганистан, Турција, Јордан и Иран. Меѓу нив беше и едно лице кое беше осудено во Баварија за „повеќе нелегално влегување“ во Сојузна Република Германија.

Под будното око на германските полицајци, само со тој лет во Загреб биле префрлени 15 лица, кои властите на Сојузна Република во согласност со регулативата Даблин III ги вратиле во Хрватска.

Таа Регулатива дефинира дека јурисдикција за конкретен барател на азил е земјата-членка на Европската унија во која тоа лице првпат влегло во ЕУ, односно каде што првпат било регистрирано.

Летот од Минхен до Загреб не беше тајна. За тоа баварските власти преку писмено соопштение ја информираа јавноста. Исто како што објавија информации за други „мерки за враќање“ – на пример во Романија, Грузија, Албанија, Молдавија, Северна Македонија, Србија или Косово, пишува ДВ .

Во средината на јуни (13.06.2024) беше организиран еден таков „Даблин-лет“ од Штутгарт. Тогаш и официјално беше потврдено дека е „натоварен“ – меѓу другото, во Загреб е префрлен со едно лице против кое е покрената истражна постапка во Баварија поради сомневање за екстремистички активности. Тој странски државјанин бил директно префрлен од истражниот затвор на аеродромот во Штутгарт, односно вратен во Република Хрватска.

Германските власти во иднина сакаат да го зголемат бројот на вакви летови до странски дестинации, не само до Хрватска. Сојузна Република сака да го зголеми темпото на депортација на лица кои немаат право на заштита. Во 2023 година, во согласност со Даблин III, Германците сакаа да депортираат 74.622 луѓе во други земји на ЕУ.

Минатата година Германците испратија најмногу барања за преземање баратели на азил во Хрватска (16.704) и Италија (15.749) – во повеќето случаи сè уште без успех. Иако другите земји на ЕУ се согласија да преземат над 55.000 од овие „Даблински случаи“, само 5.053 луѓе биле депортирани од Германија во нив во 2023 година, потврди Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ).

Во првата половина на 2024 година, според BAMF, Германија испратила барања за прифаќање на околу 40.000 мигранти до другите членки на ЕУ. Во 25.000 случаи се согласиле да ги примат овие лица. Практично, само околу 3.500 лица се депортирани во првите два квартали од тековната година.

Италија не прифаќа мигранти
Италија, на пример, генерално се противи на прифаќање на лица депортирани од Германија, а Рим очигледно не сака да го промени тој курс додека новиот пакт на ЕУ за миграција и азил не стапи на сила во 2026 година. Неговата цел е подобро да ги заштити (често) премногу пропустливи надворешни граници на Унијата.

Хрватските власти се очигледно покооперативни од италијанските власти во ова прашање. На пример, баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман (ЦСУ) во неколку наврати разговараше за враќањето на барателите на азил во Хрватска со неговиот хрватски колега Давор Божиновиќ (ХДЗ).

На средбата во Минхен на 29 август годинава, двајцата се согласија дека е потребен „пресврт околу прашањето за илегалната миграција“. Во тоа време, тие изразија загриженост за миграциските движења на таканаречената „балканска рута“, а Херман ги поздрави „конзистентните хрватски напори за обезбедување на надворешната граница на ЕУ“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни