Македонија

Кавга на пратенички прашања, Заев го обвини Милошоски дека лаже и манипулира со јавноста

Жестока дебата на седницата за пратеничките прашања. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ  праша дали наводно бизнисмен кој добил тендер за РЕК Битола функционер на власта му побарал 250 илјади евра по што тој се јавил кај амбасадорот на Белорусија во Белград да побара заштита, што предизвика остра расправа. Премиерот Заев сето изнесено го нарече манипулации и бесрамни лаги и го повика Милошоски тоа да го каже надвор од говорницата каде нема имунитет на изјавеното.

„Во јавноста има или информации или дојави дека на бизнисмен од Битола кој што во првите три месеци од годинава добил тендер за работа во РЕК Битола функционер на власта му побарал 250 илјади евра во кеш“, рече Милошоски.

„Она што го зборувате убаво е и малку надвор од говорница да го кажете, заради тоа што лажете, бесрамно лажете и безобразно лажете…. значи се знае ако некој бизнисмен бил рекетиран му биле барани пари се знае каде тоа се пријавува.“, му врати Заев.

Милошоски го обвинии Заев дека дал неточни информации за советникот Љупчо Зафировски кого го плаќа илјада и 200 евра месечно за да лобира кај францускиот претседател Макрон иако како што тврдат не го ни познавал Макрон, бидејќи Зафировски имал бизнис со семејството Заеви. Вие ли ќе говорите за скапо платени советници, кога сопругата на Ѓорчев ја плаќавте по илјада и 800 евра месечно им врати Заев.

РЕПОРТЕР: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни