Македонија

Пронајден камен од вториот век, Археолозите: Можеби се донесени од наносите на реката Вардар

Работниците кои се ангажирани за уредување на тротоарот во Булевар „Партизански Одреди“ во Карпош 4 пронашле саркофаг за кој се смета дека е од вториот век. А во текот на вчерашниот ден пронашле и еден голем камен, за кој се верува дека е од древна цивилизација. На местото на настанот излезе и Скендер Асани, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Според него овие камења и припаѓаат на римскиот период.

„Потребно е подлабоко научно толкување од прв поглед. Тие припаѓаат на римскиот период, на новата ера од втор или прв век. Овие елементи кои се наоѓаат тука, не се само еден објект, има уште многу други артефакти кои сведочат дека тука имало или гроб од римскиот период или некоја зграда околу“, рече Асани.

За одблизу да ги видат камените, дојдоа  и неколку археолози. Велат дека е можно пронајдоците и саркофагот да се донесени од наносите на реката Вардар.

Вакви некрополи има на уште неколку други локации во Македонија.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни