Свет

ФОТО Земјотресот во Калифорнија формира пукнатина на Земјата, се гледаат дури од сателит

ФОТО Земјотресот во Калифорнија формира пукнатина на Земјата, се гледаат дури од сателит

Земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што ја потресе Калифорнија во петокот создаде пукнатина на Земјата. Тоа може да се види на сателитска фотографија, пишува CNN.

Сателитски снимки обезбедени од Planet Labs, Inc. покажуваат дека топографијата на областа е променета и настанала пукнатина во областа во близина на епицентарот. Се протега на одредено растојание од област каде што претходно очигледно имало вода. Ерозијата на пустинскиот песок покажува дека дел од водата е исцицана.

Сателитската слика не е единствениот доказ дека топографијата на регионот е изменета од земјотресот. Блискиот автопат во моментов е затворен откако потресите напукнаа и отфрлија делови од коловозот.

Силниот земјотрес бил на мала длабочина од 10 километри под дното на Тихиот Океан, на околу 63 километри западно од градот Ферндејл, во северниот дел на југозападната американска држава.

Нема извештаи за жртви. Накратко беше издадено предупредување за цунами, кое сега е укинато.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни