Политичките партии не треба да се мешаат во изборот на новиот специјален обвинител кој што според новиот закон треба да дојде во јавното обвинителство против организиран криминал и висока корупција. Тие тврдат дека при неговото именување треба да се има предвид мислењето на граѓаните, тоа е ставот на експертите и правниците. Александар Тортевски и Темелко Ристевски со спротивставени ставови кога зборуваат за потеклото на обвинителот.
Ристевски вели дека обвинителот треба да биде од нашава земја бидејќи ние имаме добри обвинители кои не се корумпирани.
Кога сме кај назначувањето на главниот нов обвинител, партиите веќе излегоа со свои предлози. СДСМ ја предлага Вилма Рускоска, но против овој предлог е опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која го предлага Владимир Панчевски. Од албанскиот блок, Алтернатива предлага на чело на новото обвинителство да застане Фатиме Фетаи. Алијанса за Албанците предлага на чело на обвинителството да биде лице од ЕУ, додека од ДУИ велат дека изборот треба да го направи Советот на обвинители.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ