Свет

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида: „Иднината започна“

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида: „Иднината започна“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск во домот на новоизбраниот американски претседател Мар-а-Лаго во Флорида, објави унгарскиот лидер на платформата X.

„САД денес. Иднината започна! Попладне во Мар-а-Лаго со @realDonaldTrump, @elonmusk и @michaelgwaltz“, објави Орбан, без детали.

Двајцата лидери се сретнаа и во јули и разговараа за „можностите за мир“, додека Орбан се залагаше за прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на унгарскиот премиер.

Орбан, националистички лидер и долгогодишен поддржувач на Трамп, станува сè поизолиран во Европската унија поради неговите врски со Русија и противењето на воената помош за Украина.

Орбан го поздрави Трамп како „човек на мирот“ кој брзо ќе ја заврши војната во Украина и очекува неговите блиски лични врски со новоизбраниот претседател на САД да ја зајакнат неговата позиција во политички поделената Европа и да ја зајакне поддршката за неговите екстремно десничарски сојузници додека тој се соочува со сериозни проблеми дома.

Транзицискиот тим на Трамп не одговори на барањето за коментар.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни