Најмалку 20 Палестинци беа убиени во четвртокот, од кои неколку деца, во израелски воздушен напад врз куќи во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, изјавија медицинските лица за Ројтерс.
Во израелскиот воздушен напад беше урната повеќекатна зграда, според палестинските медицински претставници, објави Асошиејтед прес.
Бегалскиот камп Нусејрат беше нападнат само неколку часа откако советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан, им рече на новинарите во Ерусалим дека неодамнешниот прекин на огнот во Либан помогна да се расчисти патот за потенцијален договор за прекин на огнот во војната во Газа меѓу Израел и Хамас , пренесе БТА.
Израелската армија веднаш не го коментираше смртоносниот напад во „Нусеират“.
Израел вели дека се обидува да го елиминира Хамас, кој го предводеше нападот врз јужниот дел на Израел во октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Газа.