Свет

ВИДЕО Војската на Ким во воена акција во Курск, Русија со нов план!

ВИДЕО Војската на Ким во воена акција во Курск, Русија со нов план!

За прв пат, Русија почна да ги користи севернокорејските војници во значителен број за да изврши напади врз украинските сили кои се борат да ја задржат територијата што ја освоија во руската област Курск.

Британскиот весник „Гардијан“ пренесува дека тоа го соопштил украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното редовно дневно обраќање.

-Денеска веќе собравме прелиминарни податоци дека Русите почнале да користат севернокорејски војници во нивните напади. Значителен број од нив, рече Зеленски.

Тој рече дека „севернокорејските војници се користат во комбинираните руски единици и засега само на Курскиот фронт“.

Гардијан наведува дека војниците од земјата со која управува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се уште не влегле во борби на украинска територија, но дека веќе претрпеле „значителни“ загуби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни