Британски свештеник бил принуден да се извини откако на група од 10 и 11-годишни ученици им кажал дека Дедо Мраз не е вистински.
Весникот „Тајмс“ објави дека учениците се расплакале кога пречесниот Пол Чембрлен ги дал коментарите за време на лекција за веронаука во училиште во Хемпшир.
Еден родител ги нарече коментарите на свештеникот „апсолутно одвратни“. Тој додал дека никогаш не би сакал да го види во близина на својата ќерка и никогаш повеќе да не дојде во училиштето.
Еден 10-годишен ученик, исто така цитиран од „Тајмс“, рече дека некои деца едноставно „здивнале“ за време на часот на свештеникот, за време на кој тој исто така им рекол дека родителите ги јадат колачињата оставени за Дедо Мраз.
Англиканската епархија во Портсмут соопшти дека пречесниот Чембрлен прифатил дека погрешил, за што безрезервно им се извинува на училиштето, родителите и децата, пишува БНР.