Македонија

Земјотрес во Косово, почувствуван и во Македонија

Земјотрес во Косово, почувствуван и во Македонија

Денес претпладне, во 11:41 часот, беше регистриран земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот се наоѓал 36 километри северозападно од Скопје, на територијата на Косово.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје извести дека земјотресот бил почувствуван во Скопје и околните региони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни