Македонија

Георгиевски на средба со Радев: Поддршка за Бугарите во Уставот на Македонија!

Георгиевски на средба со Радев: Поддршка за Бугарите во Уставот на Македонија!

Бугарскиот претседател Румен Радев се сретна со Љупчо Георгиевски, поранешниот македонски премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, на негово барање.

Политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Македонија треба да се води на сите нивоа и може да даде резултати кога ќе биде изграден врз заемно почитување и имплементација на европскиот консензус од 2022 година, истакнал Радев на средбата во претседателската палата, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Радев во разговорот изразил надеж дека државниот врв на Македонија ќе пристапи што поскоро кон вклучување на Бугарите во Уставот, а изразил и очекување за запирање на „јазикот на омразата кон Бугарија и Бугарите“ во Македонија.

Георгиевски од своја страна истакнал дека е за многу поактивен дијалог во билатералните односи и ги поддржал вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и гарантирањето на нивните права.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни