Македонија

„Оземпик“: Од лек против дијабет до ризици за анорексија

„Оземпик“: Од лек против дијабет до ризици за анорексија

Лекот „Оземпик“, развиен од данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, кој првично беше наменет за третман на дијабетес, сè повеќе се користи како средство за слабеење. Популарноста на „Оземпик“ се должи на брзите и видливи резултати, постигнати без значителни ограничувања во исхраната.

Дејството на лекот се заснова на имитирање на хормонот ГЛП-1 (GLP-1), кој природно се ослободува по оброк, го намалува апетитот и создава чувство на ситост.

Во Македонија, „Оземпик“ се продава по цена од 5.433 денари и официјално не е одобрен како лек за слабеење. Лекот се наоѓа надвор од позитивната листа на Министерството за здравство и може да се добие исклучиво со рецепт, преку болничка аптека.

И покрај неговата ефикасност, експертите предупредуваат за можните ризици при неконтролирана употреба, вклучувајќи го и ризикот од сериозни нарушувања во исхраната, како анорексија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни