Македонија

Кој се може да биде дел од рекет? Максималната казна е до 10 години

Секој кој на нелегален начин се збогатува, заканувајќи му се на некого за да придобие нешто се смета како рекет. Или “плаќање на заштита”, односно пари или други услуги што ги обезбедува одредено лице или компанија на криминалци во замена за нивно физичко обезбедување или непречено извршување на економската активност. За последниците како учествувач или посредник за рекет ни зборуваше правникот Беким Реџепи.

Реџепи апелира на секого на кој му се нуди да биде дел од ваков чин, првиот чекор нека им биде да пријават во полиција а не да снимаат видео или аудио снимка затоа што можат со тоа да бидат учесници на рекетот затоа што првично тоа го прифатиле.

Рекетирање во послените денови слушавме секојдневно. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец.Документацијата за овој случај е обемна и според обвинителката Русковска очекува во најкаратко време истрагата да се прошири.Во моментов сеуште се врши вештачење на вториот мобилен телефон на специјалната обвинителка Јанева , која според првичните информации била дел од телефонските разговори на првосомниченито Јовановски, а која истиот ден поднесе оставка од прв човек на СЈО.

Првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата.  Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, обвинителката Вилма Рускоска рече дека биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него.

Првата сомнителна трансакција поврзана со рекетот се случила есента 2017-та година, потврдуваат за Телма од повеќе институции задолжени за откривање на криминал.

Трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума од 750 илјади евра, туку сомнеж предизвикале и учесниците во трансакцијата, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓунаордниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13.

Инаку и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и битолската градоначалничката, Наташа Петровска дале исказ во Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет”. Од Обвинителството велат дека во врска со овој случај и натаму се преземаат мерки за кои јавноста ќе биде известена без да откриваат детали.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА ЌЕРИМИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни