Македонија

Дел од медицинскиот персонал во детската болница Козле се обрати со писмо до Мицкоски и Таравари: Директорката ја уништува болницата!

Дел од медицинскиот персонал во детската болница Козле се обрати со писмо до Мицкоски и Таравари: Директорката ја уништува болницата!

Дел од медицинскиот персонал во детската болница „Козле“ со отворено писмо се обрати до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, јавува ТВ21.

Медицинскиот персонал во писмото вели дека директорката Каролина Симоновска со своите постапки ја уништува оваа болница, поточно се жалат на, како што велат, уништувањето на кабинетот за бронхоскопија, каде има голем број оставки и отпуштања на стручен кадар.

„Со ова раководство директорката постигна дека од 67 бронхоскопии направени во 2023 година, од 40 бронхоскопии од јануари до јуни 2024 година, во периодот по нејзиното назначување, бројот на бронхоскопии се намали само на 3. Што е ова ако не е уништување на дејноста која успешно се одвивала во изминатите 50 години“, се вели меѓу другото во писмото упатено до премиерот и министерот.

ТВ21 дојде до писмото упатено до министерот Таравари и премиерот Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни