Македонија

Проблемите на населба Дижонска – ново годишно време, нова мака

Со менувањето на годишните времиња се менуваат и проблемите на граѓаните од населбата Дижонска. Во зима со преоптовареност на електричната мрежа што претставува опасност по животот на жителите од оваа населба. Во лето пак доаѓаат до израз дупките и улицата која е цела крпена.  За оваа населба се уште нема конкретно решение за проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите. Кога врне населбата се претвора во река, а жителите велат дека водата им продира и во домовите, а сето тоа како последица од неисчистената атмосферска канализација.

И за асфалтирањето на улиците велат дека барале помош но дека не се преземаат мерки за нивно санирање.

Жителите велат дека често пати на своја иницијатива ги полнат дупките и крпениот асфалт и бараат општина Чаир да преземе мерки за санирање на улицата. Побаравме одговор од општина Чаир но не одговорија на нашиот повик.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни