Британските трупи би можеле да бидат испратени во Украина за да обучуваат војници во војната против Русија, навести британскиот министер за одбрана.
Џон Хили, кој беше во Киев за да разговара за плановите за обезбедување поголема поддршка на Украина, рече дека Британија треба „да ја прилагоди обуката на она што им треба на Украинците“.
Извори од Министерството за Би-Би-Си изјавиле дека тој не ја отфрлил можноста за испраќање британски војници во Украина за да помогнат во обуката, но сè уште нема официјална одлука.
– Мораме да им го олесниме пристапот на Украинците и мораме да работиме со Украинците за да им помогнеме да мотивираат и мобилизираат повеќе волонтери, рече Хили.
Британија во моментов обучува украински војници во Велика Британија. Но, заедно со другите членки на НАТО, Британија не испрати никакви копнени трупи за да и помогне на Украина на првите борбени линии поради страв од ескалација на конфликтот и директно вовлекување во него. Меѓутоа, Велика Британија обезбеди и смртоносно и несмртоносно оружје, вклучувајќи тенкови, системи за противвоздушна одбрана и ракети со прецизен удар со долг дострел.