Македонија

Казни за граѓаните кои ќе фрлаат отпад на несоодветно место – „Се заземаме за почиста околина“, велат од Град Скопје

На целиот регион на Град Скопје започна акцијата за чистење и уредување на јавните површини. Акцијата се одвива на територија на Град Скопје и околните општини.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека акцијата се спроведува за чистење на сите диви депонии во Град Скопје, но освен чистењето на јавните површини, тој вели дека ќе се санираат и споредните оштетени улици.

И ОПШТИНА Гази Баба на барање на граѓаните постави контејнери на разни локации за собирање габаритен отпад, како градежен материјал и стари предмети од домаќинствата.

На почетокот на акцијата за чистење на јавните површини во Град Скопје и околните општини, вчера беше напишана првата казна за фрлање отпад на јавно место.

Од Град Скопје известуваат дека секој граѓанин кој ќе фрли отпад на необележано место,  ќе следи соодветна мерка.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни