Македонија

Ѓорѓиевски: Лебот во Македонија е најевтин во Европа

Ѓорѓиевски: Лебот во Македонија е најевтин во Европа

Во вчерашната емисија на ТВ21, „Бизнис21“, Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори, истакна дека не се согласува со тоа дека имаме најскапа храна во регионот.

Како што вели, лебот ни е најевтин во Европа.

„Не се согласувам, не плаќаме, напротив најевтина е… Еве конкретно лебот во Македонија е најевтин во Европа, по испитување од Евростат имате најевтин основен производ во Македонија“, вели Ѓорѓиевски.

Тој вели дека цените зависат од некои геополитички фактори.

„Ние не можеме Македонија да ја третираме како изолиран остров некаде и само тука цените да ги креираме сами. Се буквално од прехранбените суровини, па и сите други стоки се на берза, зависат од берзанските цени“, вели Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни