Утрово најниска температура е измерена во Берово, каде што термометрите покажале -4°C.
По него, најстудено е во Скопје-Петровец со -3°C, а -2°C се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, Велес. Во Претор, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, Попова Шапка температурата е -1°C, додека 0°C е измерено во Прилеп и Гевгелија. Во планинските региони, Маврови Анови, Охрид, Виница и Крушево имаат 1°C, а Дебар 2°C.
На Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 33 см, додека во Маврови Анови снегот е дебел 24 см.