Македонија

ФОТО: Mакедонската амбасада настрада во рускиот ракетен напад на Киев

ФОТО: Mакедонската амбасада настрада во рускиот ракетен напад на Киев

Во серијата ракетни напади што утрово се случија врз главниот град на Украина, настрадала и зградата во која е сместена Амбасадата на Македонија во центарот на Киев.

Како што пренесуваат, нанесена е поголема материјална штета на објектот и на просториите во кои е сместена македонската амбасада. ж

За среќа, во тие моменти никој од дипломатскиот персонал не бил во дипломатско-конзуларното претставништво.

Македонската амбасада не била директна цел на нападите.

Сите членови на македонската дипломатска мисија се добро.

ФОТО: Фокус

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни