Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска на денешното рочиште изнела нови детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, истакнувајќи дека куршумот бил испукан на само 50-60 сантиметри од неа. Според обвинителката, убиецот се наоѓал од десната страна на жртвата. Таа ги презентираше доказите кои покажуваат дека на патиките на Вања биле пронајдени остатоци од кал, што потврдува дека таа се движела низ влажна и калеста површина.
Обвинителката исто така соопшти дека слично бил убиен и Панче Жежовски, кој починал од огнострелна повреда на мозокот. Од обдукцијата се потврдило дека Вања била жива кога била убиена, што значи дека не била претходно задушена.
Љупчо Палевски – Палчо, кој е обвинет за убиството, побара забелешка во врска со церадата во која бил завиткан Панче Жежовски. Тој истакнал дека на церадата не се пронајдени папиларни линии или биолошки материјал што би го поврзувало со местото на настанот.
Во текот на судењето ќе бидат презентирани вкупно 197 докази, додека претходно беа сослушани 26 сведоци. Во предметот има над 10.000 принтскринови од мобилни комуникации.