Македонија

Две лица пукале кон полицијата во Дебар за да не ги запре

Две лица пукале кон полицијата во Дебар за да не ги запре

На 19.12.2024 во 23.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, при преземање на мерки и активности, на периферијата на Дебар, забележале две лица кои се движеле во правец на Република Албанија.

При обид да бидат запрени, лицата испукале неколку куршуми од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле и лицата се дале во бегство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни