Македонија

СДСМ: Кои се шестмината што добиле дополнителни средства од Милевски? – „Куновски слугува на тие кои се недостапни за правдата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Кои се шестмината што добиле дополнителни средства од Милевски? – „Куновски слугува на тие кои се недостапни за правдата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ Битола, Методија Куновски, изнесе сериозни обвинувања против поранешниот директор на ЈП Водовод, а сега пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски. Според Куновски, од обвинението против Милевски произлегуваат информации дека додека бил директор, тој незаконски распределувал средства на шест вработени без јасни критериуми и правен основ.

„Додека ЈП Водовод тоне во долгови и цената на водата во Битола расте, Милевски доделил скоро 600.000 денари на шест лица за награди, без никаква транспарентност,“ изјави Куновски, поставувајќи неколку прашања кои бараат одговор:

  • Кои се шестмината избрани вработени од над 200 лица, кои покрај редовната плата добиле дополнителни средства?
  • Дали се тоа работници кои копаат по улици и санираат дефекти, или административен кадар?
  • Дали меѓу наградените има лице кое било заштитено од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, што би објаснило зошто градоначалникот не презел мерки за разрешување на Милевски?

Куновски го обвини Коњановски дека ја прикривал одговорноста на Милевски, дури и по објавувањето на Ревизорскиот извештај во август 2023 година.

„Спрегата Коњановски – Милевски донесе дополнителни приходи за некои поединци, но за Битола и битолчани резултираше со економска пропаст. За три години потрошија околу 100 милиони евра, а не реализираа ниту еден капитален проект,“ додаде Куновски, повикувајќи на одговорност и отчет пред граѓаните на Битола.

Направена штета од 577.640 денари: Злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола

Со кој кредибилитет новиот лидер на новинарскиот ДООЕЛ на СДС во Битола, Методија Куновски, држи прес конференции кога тој во ниту еден момент не се огради од криминалците, на кои цели седум години им слугуваше, праша денеска на прес конференција, портпаролката на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Ангела Здравковска, додавајќи дека наместо одрекување, Куновски продолжува да им слугува на тие кои се недостапни за правдата.

„Ама, толку многу е тешка и безизлезна состојбата, па така тој список е долг: Заев, Димитар Ковачевски, Васко Ковачевски, Пеце Матевски и сите останати редум, така што и од тоа би немало никакво фајде, освен – напуштање на СДС или невлегување во фарсата – распадната партија, Методија Куновски да ја прави распадната новинарска секција.

Прес-конференцијата на претседателот Методија Куновски на новинарското ДООЕЛ на СДС во Битола, не е ништо друго туку памфлет од најдолен вид, со кој се обидуваат да дискредитираат и продолжуваат со празни зборови, ама неуспешно, да ги манипулираат граѓаните.

Чесно на градот и државата им се служи со искрени намери, можеби со доставување докази, до кои Методија Ковачевски, пардон, Куновски имаше пристап за криминалот во РЕК Битола, кој навистина досега е невиден и има епски размери.

Криминалот кој упропасти еден успешен рударско- енергетски комбинат, а Македонија ја направи енергетски зависна и ја клекна на колена.

Зборуваат за пратеникот Милевски и градоначалникот Коњановски, дрско се служат со конструкции и веројатно во дослух со ЈО во Битола.

Методија и СДС не излегуваат од нивната добро позната мантра, која и ги донесе таму каде што се: во распад и без никаква доверба од вас почитувани граѓани.

Почитувани, СДС и на власт и во опозиција се и суд и обвинителство, ама една работа забораваат: последната одлука ја носите вие – граѓаните.

Заедно влеговме во битка, дека право и правда мора да има!! ВМРО ДПМНЕ и оваа Влада од тоа не отстапуваат“ рече Здравковска.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни