Македонија

Град Скопје: Интерактивни дигитални табли во 23 средни училишта за модерно образование

Град Скопје: Интерактивни дигитални табли во 23 средни училишта за модерно образование

Градот Скопје го реализира уште едно ветување од програмата „За Модерно Скопје“, насочено кон унапредување и модернизација на образовните институции. Во рамки на проектот, 23 средни училишта добија најсовремени интерактивни дигитални табли, со цел да се следат најновите трендови на дигитализација во образованието.

Новите дигитални табли се опремени со напредна технологија, меѓу кои:

  • Безжично поврзување со повеќе уреди, што овозможува лесна интеракција помеѓу учениците и наставниците.
  • Шест микрофони, способни да го елиминираат амбиенталниот шум и да обезбедат јасен аудио-квалитет.
  • Камера со ултра широк агол од 120° и 4K Ultra HD резолуција, која обезбедува прецизна слика со живописни бои и детали.
  • Екран на допир од калено стакло, кој е отпорен на оштетувања, а оптичката технологија овозможува јасна видливост од секој агол.

Со воведувањето на овие модерни уреди, значително се олеснува образовниот процес за учениците и наставниот кадар, овозможувајќи подинамична и интерактивна настава.

„Овој чекор претставува важен исчекор во дигитализацијата на образовниот процес, создавајќи подобри услови за работа и учење во нашите училишта,“ истакнуваат од Град Скопје.

Одделението за односи со јавност најави дека Градот Скопје ќе продолжи со реализирање на слични проекти за модернизација на образовните институции.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни