Свет

ВИДЕО Терористички напад во Германија за време на божиќен маркет, најмалку едно лице убиено

ВИДЕО Терористички напад во Германија за време на божиќен маркет, најмалку едно лице убиено

Терористичкиот напад се случи на популарниот божиќен пазар во германскиот град Магдебург. Возачот на автомобилот „MBW“ околу 19.00 часот налетал на група луѓе.

Возачот веднаш бил уапсен.

Во нападот се повредени околу 20 лица, а се верува дека има и мртви.

Полицијата го пребарува теренот поради сомневање за бомба.

Според очевидци, автомобилот влетал директно во толпата луѓе кои се упатиле кон градското собрание.

Полицијата во Магдебург соопшти дека во реонот на божиќниот пазар се спроведува „опсежна полициска операција“.

Затворен е Божиќниот пазар во центарот на градот“, соопштија од полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни