Зимата започна денеска, 21 декември, во 10:20 часот и ќе трае до 21 март.
Зимата е едно од годишните времиња, кое според конвенцијата трае дел од декември, цел јануари, февруари и дел од март на северната хемисфера и дел од јуни, цел јули и август и дел од септември на јужната хемисфера.
На денот на почетокот на зимата, поточно денес таканаречениот краток ден, кој најчесто се паѓа на 21/22. Декември на северната хемисфера, а 22 јуни на јужната хемисфера, ноќта е најдолга, а денот е најкраток.
Зимата завршува на почетокот на пролетта. На северната хемисфера пролетта започнува на 21 март, а на јужната на 23 септември.
Зимата е најстудената сезона во годината во поларните и умерените зони; не се јавува во поголемиот дел од тропската зона. Се јавува после есен и пред пролет секоја година. Кога е зима на северната хемисфера, лето е на јужната хемисфера и обратно. Во многу региони зимата е поврзана со снег и ниски температури.