Македонија

Инцидент во полиција: Инспектор нападнал началник во полициска станица

Инцидент во полиција: Инспектор нападнал началник во полициска станица

Началникот О.Г. (43) на Одделението за внатрешни работи Радовиш бил физички нападнат од инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко, кој бил уапсен вчера по пријавата, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, началникот пријавил дека во службени простории на полициската станица инспекторот агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во еден момент и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди.

Се додава дека за настанот биле запознати началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни