На Попова Шапка утрово е најстудено со измерени -8 степени.
Температурите се: -7 степени во Маврови Анови, -6 во Крушево, -5 во Битола, -4 во Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Претор. Во Велес и Берово температурата е -3, во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица и Виница -2, а во Тетово -1 степен. Најтопло е во Гевгелија со 3 степени.
Дождот беше најизразен во Демир Капија каде се измерени 11 l/m², следени од Кавадарци со 9 l/m² и Струмица со 7 l/m². Во Берово наврнале 5 l/m², во Прилеп 4 l/m², додека во Велес, Битола и Виница имало по 2 l/m². Во Гевгелија, Маврови Анови и Пожаране измерени се 1 l/m².
Снег има на Попова Шапка (32 см), Маврови Анови (29 см) и во Ѓуриште (5 см).