Македонија

Патот до Галичник и понатаму непрооден!

Патот до Галичник и понатаму непрооден!

Патот до Галичник останува затворен веќе речиси еден месец поради снег, а со најавите за нови врнежи, чистењето може да биде отежнато. Претседателот на месната заедница, Александар Костиќ-Мијак, истакнува дека по неодамнешниот апел за отстранување на снегот од патот Маврово-Галичник, не било реагирано навремено, но дефектот на електричната мрежа бил поправен.

Во Галичник, каде што има 230 куќи и само тројца постојни жители, многумина не можат да пристапат до своите имоти. Костиќ укажува дека според законските норми, регионалниот пат треба да биде постојано прооден, и дека оваа ситуација има и пошироко значење, бидејќи патот е клучен за одржување на 110 киловолтниот далновод помеѓу централите Шпиље и Вруток. Со затворен пат, поправките на дефектите стануваат потешки и подолги.

Од месната заедница се надеваат на брза реакција од надлежните за нормализирање на состојбата и чистење на снегот, посочувајќи дека без проодност, не само Галичник, туку и важни инфраструктурни услуги се загрозени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни