Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски на својот фејсбук-профил напиша дека во текот на денот се изврши исплата на средства во износ од 83.451.028,00 денари на 10.727 земјоделци за мерката 1.4 директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
„Грижата за земјоделците се покажа на дело преку исплата на сите заостанати субвенции од изминатите години, а со несмален интензитет ги исплаќаме и тековните субвенции за 2024 година“, вели тој.