Во Скопје се одржува втор протестен марш против аерозагадувањето, организиран од „Зелен Хуман Град“.
Протестот започна пред Министерството за животна средина и ќе заврши пред бараките на Град Скопје. Организаторите имаат четири барања: јавен мониторинг на индустриските објекти, еколошко загревање на јавни установи, приоритет за јавен превоз и велосипеди, и подобро управување со отпадот.
Од иницијативата порачаа дека институциите сè уште не реагирале на нивните барања и истакнаа: „Без чист воздух нема здравје, без здравје нема живот!“