Универзитетската професорка Тања Каракамишева преку својот профил на Фејсбук го истакна својот ангажман како дел од тимот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Во објавата, Каракамишева објаснува дека тимот е составен од експерти кои ги покриваат клучните области за идниот развој на земјата.
„Ние сме дел од тимот на Македонската Претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Од лево кон десно: #Одбрана и безбедност, #Право, #Политички прашања и #Устав, #Европски интеграции, #Екологија и Климатски промени,“ напиша Каракамишева, нагласувајќи ја стручноста и посветеноста на секој член на тимот.