Македонија

Нема предвидено средства во буџетот на Општина Тетово за финансирање на албанска академија

Нема предвидено средства во буџетот на Општина Тетово за финансирање на албанска академија

Советот на Општина Тетово на денешната седница го усвои буџетот за 2025 година, кој изнесува 49,3 милиони евра. Буџетот беше поддржан од 27 од 31 советник, без дебата пред гласањето.

Градоначалникот Биљал Касами изјави дека преземената обврска за поддршка на албанска академија на науки и уметности останува, но тоа не е дел од денешно усвоениот буџет.

– Ќе ја поддржиме албанската академија согласно договорот, но ова не е прашање поврзано со денешниот буџет, изјави Касами.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа против културната програма од буџетот, каде се предвидени 13 милиони денари. Според нив, се прави обид за финансирање на проект кој поттикнува поделби.

– Категорично сме против злоупотреба на парите на граѓаните за проекти кои создаваат тензии, рече советникот од СДСМ, Глигорије Стојановски.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Ангел Карапетров, истакна дека иако поддржале дел од буџетот, програмата за култура не ја гласале поради недоволно јасни проекти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни