Црвениот плоштад во Москва ќе биде затворен за посетители за новогодишната ноќ, од вечерта на 31 декември до 1 јануари утрото, соопшти денеска московската полиција.
Во исто време, лизгалиштето на Црвениот плоштад ќе работи според вообичаениот распоред, изјавија за РИА Новости од московската полиција.
„Главната управа на Министерството за внатрешни работи на Русија за Москва информира дека од 18:00 часот на 31 декември, до 08:00 часот на 1 јануари 2025 година, Црвениот плоштад ќе биде затворен за јавноста“, се наведува во соопштението.
Лизгалиштето на Црвениот плоштад, според распоредот на неговата веб-страница, е отворено за посетители од 9 до 23:30 часот по локално време.