Свет

ВИДЕО Во последен момент избегната авионска трагедија во Лос Анџелес

ВИДЕО Во последен момент избегната авионска трагедија во Лос Анџелес

Федералната управа за авијација на САД, почна истрага откако два авиони за малку ќе се судреле на аеродромот во Лос Анџелес.

Авионот Ембраер кој штотуку слетал и во кој биле кошаркарите на Гонзага, за малку ќе се судрел со авион на „Делта Ерлајнс“ кој во тие мигови се подготвувал да полета.

Ембраерот се доближувал до пистата, кога од контролната кула добил порака од контролорот:

„Стоп, стоп, стоп“ …

Само присебноста на двајцата пилоти не предизвикало огромна трагедија.

Дека ситуацијата била драматична го покажува и ова видео, но и почнатата истрага на федералната управа за авијација на САД.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни