Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги посети децата хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје, изразувајќи длабока емпатија и искрена грижа за нивното здравје и добросостојба.
„Со новогодишните подароци се обидов барем за миг да ја донесам празничната топлина и да внесам малку радост и утеха во нивните предизвикувачки денови“, изјави Силјановска Давкова, која ги охрабри малите пациенти и нивните семејства со желби за побрзо закрепнување.
Претседателката посебно се осврна на цртежот на талентираната Јана, кој, како што рече, ќе ја потсетува на храброста и креативноста на децата што ги запознала. „Тие ќе останат во моите мисли и срце како потсетник за празничните вредности и важноста да не забораваме на оние на кои најмногу им е потребна нашата поддршка“, додаде таа.
Посетата беше посветена на поддршка и охрабрување на децата кои, и покрај предизвиците, покажуваат неверојатна сила и оптимизам.