Сите булевари, трговски центри и плоштади вечерва полицијата ги следи со особено внимание.
Посебен тим на полициски службеници преку системите на министерството контролираат речииси се.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека граѓаните може да се чувствуваат безбедни.
„Огромна благодарност до македонската полиција, до секој еден македонски полицаец којшто моментално не е со своето семејство во својот дом, туку е на терен помеѓу македонските граѓани на местата каде што се прославува новогодишната ноќ. Покрај полициските службеници од сите сектори кои се на терен, имаме полициски службеници и од сообраќајната полиција како во рамки на СВР Скопје така и во рамки на сите останати Сектори за внатрешни работи низ Македонија. Присутни сме и контролираме, ќе бидеме будни како македонска полиција и ја користам оваа прилика да испратам апел до сите наши граѓани, посебно до оние кои оваа вечер ќе слават и ќе консумираат алкохол, да не управуваат моторно возило, како и да не користат пиротехнички средства кои што би можеле да нанесат повреди.“, потенцираше министерот Тошковски.


