Свет

Со автомобил влетал во толпа луѓе во Њу Орлеанс, има мртви!

Со автомобил влетал во толпа луѓе во Њу Орлеанс, има мртви!

Автомобил влета во група луѓе во Њу Орлеанс. Неколку лица се повредени, а според првичните информации има и мртви. Инцидентот се случил на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови.

Очевидци изјавиле за новинарот на CBS News дека автомобилот со голема брзина влетал во толпа луѓе, а потоа возачот излегол и почнал да пука од оружје, а полицијата возвратила.

Портпаролот на полицијата изјави дека „првичните извештаи укажуваат дека автомобил можеби удрил во група луѓе. Во моментов нема информации за точниот број на повредени, но има извештаи за загинати“.

Улицата е затворена, а сите служби се на терен. Од полицијата засега не соопштуваат ништо за мотивот, ниту дали се работи за тероризам. Не е познато дали возачот е уапсен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни