Свет

Полицијата објави детали за хоророт во Њу Орлеанс: Напаѓачот се обидел да убие „што е можно повеќе луѓе“

Полицијата објави детали за хоророт во Њу Орлеанс: Напаѓачот се обидел да убие „што е можно повеќе луѓе“

Маж кој влетал со пикап во луѓе во Њу Орлеанс се обидел да убие „што е можно повеќе луѓе“, соопшти во средата полицијата на тој американски град, додавајќи дека напаѓачот е убиен, пренесува Си-Ен-Ен.

Напаѓачот на историската улица Бурбон имал голема желба да „предизвика масакр“, изјавила полициската службеничка Ен Киркпатрик, а пренесува агенцијата Франс прес.

Според досегашните податоци на итната помош најмалку десет лица загинале, а неколку десетици се повредени. Напаѓачот е убиен, пишува CNN.

Киркпатрик рече дека нападот не бил спречен и покрај присуството на повеќе од 300 полицајци, додавајќи дека напаѓачот ги заобиколил полициските барикади.

Напаѓачот пукал и кон безбедносните сили, при што ранил двајца полицајци.

„Тој човек, сторителот, пукал во нашите полицајци од своето возило кога излетал. Нивната состојба е стабилна“, рече Киркпатрик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни