Андреја, првото бебе родено во 2025 година во штипската Клиничка болница, доби посета од градоначалникот Иван Јорданов и директорот Владко Захариев.
Бебето тежи 3.5 кг и има 49 см. Раководителката на Одделението за гинекологија, Станка Јаневска-Велкова, изрази надеж дека родилките ќе ја обноват довербата во државните болници.
Јорданов посака година полна со нови животни започето со Андреја, како симбол на напредок и надеж за Штип.
Првото новородено бебе во Тетово годинава е машко. Родено е 35 минути по полноќ со царски рез во тетовската Болница.
Како што беше информирано, тешко е 2.850 грама и долго 50 сантиметри. Тоа е второ дете на родителите Улфет и Бесар Ислами од Мала Речица.
Според стручниот тим предводен од докторите Нагип Руфати и Љуљета Муљаку и педијатарот доктор Антигона Треневскa, бебето е во добра здравствена состојба.
Околу 10:45 часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница со проширена дејност во Кочани, се родило првото бебе во новата 2025 година.
Се работи за машко дете, трето во семејството на родилката.